Фудбал
Проклетството продолжува, ѕвездата на Манчестер Сити повторно повредена
Звучи неверојатно, но се случи повторно. Еден од најдобрите играчи на Манчестер Сити, Кевин Де Брујн повторно е повреден.
Според она што е објавено на официјалната веб-страница на клубот од Манчестер, се вели дека не е во план за вечерашниот предизвик против Динамо Загреб.
Сезоната на Де Брујн досега беше фантастична, 28-годишниот играч запиша девет асистенции во исто толку одиграни натпревари. Сепак, повредите се она што го оставаат Белгиецот тивок.