Connect with us

Фудбал

Промоцијата на Роналдо била неверојатна, тоа го велат само оние кои не ја виделе промоцијата на Луис Суарез (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо и официјално беше промовиран во нов фудбалер на Ал Наср во Саудиска Арабија. Според тамошните медиуми промоцијата во живо на стадионот ја следеле околу 25 илјади навивали. Поради оваа бројка се крена голема „фама“. Но тоа е малку, во споредба со тоа колку навивачи имаше на промоцијата на Луис Суарез, кој и официјално е нов играч на бразилски Гремио,. Имено, во фантастична атмосфера Луис Суарез кој има 35 години беше промовиран за нов играч на Гремио. Наводно имале над 30 илјади фанови.