Connect with us

Други спортови

Пронајде турнир на кој може да оди без вакцина: Се знае кога и каде се враќа Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ не настапи на Австралија опен бидејќи беше депортиран од Австралија поради невакцинација и проблеми со визата.

Ѓоковиќ потоа се врати во Белград, а пред неколку дена ја посети и Црна Гора. Постепено прави планови за иднината, а се чини дека веќе е познато кога ќе се врати на терените.

Како што сега стојат работите, првиот натпреварувачки меч српскиот тенисер ќе го одигра во февруари. Тоа ќе биде на турнирот во Дубаи.

Турнирот од АТП серијата е на програмата од 21 до 26 февруари, а за прв носител веќе е назначен Ѓоковиќ, доколку не дојде до ненадеен пресврт.

За разлика од Австралија, за влез во Обединетите Арапски Емирати не е потребна целосна вакцинација, па затоа е потребен негативен ПЦР тест 72 часа пред летот, едниот шест часа пред летот, а другиот по пристигнувањето на граница.

Ѓоковиќ на овој турнир досега играше 11 пати и славеше пет пати (2009, 2010, 2011, 2013, 2020 година) со ефект од 41 победа и шест порази.

Настапите на овој турнир на најдобриот тенисер на денешницата му донесоа профит од околу 3 милиони евра.