Connect with us

Фудбал

Пропаднаа плановите, богатите Арапи нема да го преземат Њукасл

Богатите Арапи, поточно речено принцот од Саудиска Арабија се откажа од купувањето на Њукасл. Причина се бројните одложувања, истраги.

Се беше договорено. Мајк Ешли се согласи да го продаде мнозинскиот пакет акции за 300 милиони фунти, но сето ова се одолговлекуваше поради проверките за поврзаноста на конзорциумот од Саудиска Арабија со тамошната влада.

Одлуката за продажба на Њукасл останува, но кој ќе биде сопственик останува да се види. Како најсериозен кандидат се спомнува американскиот милијардер Хенри Морис.