Connect with us

Фудбал

Протече потенцијалниот состав на Њукасл: Нападот привлекува посебно внимание

Њукасл е топ тема во светот на фудбалот.

Популарните „страчки“ станаа најбогатиот тим во светот и сега сите со нетрпение чекаат да видат каде арапските сопственици ќе ги потрошат парите.

Нов тренер треба да биде Брендон Роџерс, а можноста за доведување на Ерлинг Халанд е отфрлена. Сепак, според пишувањата на водечките европски медиуми, вклучувајќи ги Билд, Сик Спорт, Би -Би -Си… Њукасл би можел да има пеколен тим веќе следното лето.

Првиот избор за голманската позиција е англискиот репрезентативец и голман на ВБА, Сем Џонстон.

Дубоа, Суле, Беднарек, Мазрауи би биле бековската линија, додека на средината од теренот се опциите Модриќ, Кесие, Кутињо, односно ова се трите имиња кои најчесто се поврзуваат со „страчките“. Офанзивниот дел би се состоел од Кулушевски, Вернер и Кејн, што е многу интересен избор.

Се разбира, ова се уште се шпекулации , но ова е првпат во јавноста да протече можна почетна постава на новиот моќен Њукасл.

Сигурно не очекува возбудлива зима во „Св. Џејмс Парк“, но и уште повозбудливо лето 2022 година.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама