Connect with us

Фудбал

Проценката на Меси: Фаворитот од сенка кој би можел да ги замрси сметките на сите

Еден од нај добрите фудбалери во светот, Лионел Меси во редот на фаворитите за СП ја смести и Белгија.

Меси во сабота ја започнува својата авантура на Мундијалот, кој пред два дена пристигна во Русија. Веќе не ни треба да се спомнува колку е важен Мундијалот за Меси и Аргентинците.

„Не знам дали ова ќе ми биде последен Мундијал. Се зависи од резултатите во Русија“, рече Меси, а потоа ја наброја листата со фаворитите за златото на СП

„Фаворити? Бразил, Германија, Шпанија и Франција. Белгија не се споменува често, но има добри фудбалери и имаат искуства од минатото светско првенство“, кажа Меси.

Во целата кариера, само една работа го „боли“ Меси.

„Ги изгубивме последните три финалиња. Тоа беа тешки моменти, а притисокот огромен. Но мораме да го прифатиме тоа и да го извлечеме најдоброто“ кажа Меси.

Аргентина во сабота игра против Исланд, и оди на победа како голем фаворит, а потоа ќе ги одмери силите со Хрватска и Нигерија.