Фудбал
Прв голем потег на сопственикот на Њукасл: Следниот викенд нов тренер?
Њукасл веќе се подготвува за големи промени бидејќи новите сопственици доаѓаат во клубот.
Сега тие стануваат најбогатиот тим во светот, а веќе се шпекулира за sвездите кои треба да дојдат на „Ст. Џејмс Парк“.
Сепак, првиот потег ќе биде на тренерската клупа.
Медиумите од Островот пренесуваат дека Стив Брус нема да седи на клупата на Њукасл следниот викенд кога ќе го пречека Тотенхем.
Брус е пред отказ, а тимот треба да назначи нов тренер до среда.
Новите сопственици не се задоволни од амбициите што ги има Брус и ова ќе биде првиот потег на новиот Њукасл.
Се уште се молчи за тренерските имиња, па ќе биде интересно да се види кој ќе го води тимот до крајот на сезоната и кои се првичните планови на новите сопственици кои доаѓаат на мечот со Тотенхем.
Инаку, билетите за споменатиот дуел веќе се распродадени, а на „Ст. Џејмс Парк“ се очекува феноменална атмосфера.