Connect with us

Ракомет

Прва прозивка на Вардар: Црвенковска е во патиките на Парондо!

Со само осум ракометари во сала, Вардар означи почетокна подготовките за пролетната полусезона 2018/2019. На првиот собир беше и тренерот Роберто Парондо, но поради неговите обврски како асистент на Раул вое репрезентацијата, засега ќе ќе ги води заменикот на Парондо, Билјана Црвенковска.
Вардар има многу репрезентативци, затоа во оваа прва, поопуштена фаза од подготовките ќе тренира со осуммина. Добра вест е што на прозивката се појавија и Вуко Борозан и Сергеј Горбок, кои есеноска имаа тешки операции на коленото, но сепак, ќе им треба време за да се вратат.

Екипата засега ја води Билјана Црвенковска, асистентката на Раул, која веќе еднаш имаше можност да го води тимот, кога во Брест Вардар гостуваше со резервен тим. Таа ќе има на располагање се поголема екипа како одминува првенството во Германија и во Данска и како вардарците кои имаат репрезентативни задачи ќе се враќаат во Скопје.

„Имаме многу операции на играчи, повреди, и голем дел од играчите настапуваат на СП. Се зависи како ќе се вратат од Германија и како повредените ќе се вклопат во тренажниот процес. Но, се надевам дека ќе бидеме меѓу второ и четврто место на табелата“, вели Црвенковска.
Натпреварувачкиот дел од сезоната за Вардар продолжува на 6 февруари, на гости кај Рајн-Некар, по што ќе му останат домашните натпревари со Весрем и со Монпелје како и патувањето кај Кристијанштад. Засега е втор на табелата во групата А, со 13 бода, пет помалку од Барселона, а еден повеќе од Рајн-Некар, Кјелце и Веспрем

SPORT1.MK