Connect with us

Фудбал

Првата жртва на новите правила во Барселона

Додека Роналд Куман седеше на клупата на Барселона, играчите имаа многу поголема слобода надвор од теренот, што нема да биде случај со доаѓањето на Чави Ернандез.

Чави беше официјално назначен за нов тренер на почетокот на оваа недела и веќе почна да воведува нови правила за да наметне авторитет и да покаже дисциплина.

Легендарниот играч за врска е решен да направи целосен пресврт за да ја врати гордоста на Каталонија на патеките на старата слава.

Првата жртва на новиот правилник е Жерар Пике кој мораше да откаже ТВ интервју, објавија денеска шпанските медиуми.

Искусниот стопер следната недела требаше да го посети новинарот Пабло Моцос, но сега ќе мора да се фокусира на фудбалот, наместо на случувањата надвор од теренот.

34-годишниот е познат како некој кој поминува многу време во јавноста и никогаш не се двоумел да зборува пред медиумите.

Инаку, Пике моментално е повреден и не може да тренира со другите соиграчи, но сепак беше присутен на презентацијата на Чави во вторникот.

Поранешниот играч на Барселона потпиша договор на две и пол години откако беше постигнат договор со Ал Сад по неколкудневни преговори.

„Не мора да бидете остри. Тоа е прашање на ред и правила. Како и во сите клубови. Кога имав правила, добро работев. А кога немав, направивме грешка. Мора да се постават и да се почитуваат. Нема друго“, рече Чави на презентацијата.