Connect with us

Фудбал

Првиот човек на ФИФА има луда идеја: Палестина и Израел заедно да организираат СП

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино предложи можност за организација на Светското првенство во Израел и Палестина, земји кои со години меѓусебно војуваат и не се признаваат.

Инфантино во моментов е во посета на Израел, каде за прв пат гостува како претседател на ФИФА, а во таа земја водеше дискусија за таканаречениот „Абрахамов договор“, кој е наречен по личноста важна за сите три големи монотеистички религии. Тоа е трет договор за нормализација на односите меѓу Арапите и Израелците од прогласувањето на еврејската држава во 1948 година. Израел потпиша мировен договор со Египет во 1979, а со Јордан во 1994.

ФИФА веќе некое време ја промовира идејата за организација на Светското првенство на секои две години, а Инфантино даде предлог земјите од Блискиот исток да бидат домаќини.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама