Connect with us

Фудбал

Првото засилување на Њукасл е врвен дефанзивец, но тоа не е толку звучно име

Њукасл од неодамна е во рацете на саудискиот принц Мохамад бин Салман, човек тежок нереални 320 милијарди.

Англискиот култен клуб на тој начин го доби осмиот најбогат човек во светот за свој сопственик, а се очекуваат големи засилувања на „Ст. Џејмс Парк“ во наредните месеци.

Многумина веќе почнаа да ги поврзуваат големите sвезди како Мбапе, Халанд, Ван Дијк со Њукасл, но се чини дека првото засилување ќе биде нешто помалку резонантно име, а тоа е Џејмс Тарковски, 28-годишниот дефанзивец на Барнли.

Тој веќе неколку години игра на врвно ниво во Премиер лигата и важи за еден од најдобрите дефанзивни играчи во шампионатот.

Неговата пазарна вредност се проценува на 25 милиони евра, а за новиот сопственик на Њукасл тоа е вистинска ситница. Трансферот може да се реализира во јануари.

Наводно, Барнли и самиот играч постигнале џентлменски договор тој да замине кога ќе пристигне соодветна понуда.