Connect with us

Фудбал

ПСЖ без Нејмар против Барселона

Францускиот првак утре вечер на домашен терен ја пречекува Барселона, а има голема шанса да се пласира во четвртфиналето бидејќи на првиот меч како гости славеа со убедливи 4:1. На тој меч поради повреда не играше Нејмар, кој според информациите нема да настапи ниту на утрешниот реванш. Тој се опоравил од повредата, но сепак тренерот Маурисио Покетино не сака да ризикува, со оглед на резултатот, па тој нема да настапи.

Како што е познато Нејмар е поранешен играч на Барселона, а токму од овој тим се пресели во ПСЖ за рекорден трансфер.