Фудбал
ПСЖ ги отфрли гласините за огромната продажба на дресови: Ние не сме волшебници
Пристигнувањето на Лионел Меси во ПСЖ предизвика големо внимание кај фудбалската јавност.
Фановите на францускиот гигант се уште се во еуфорија по потписот со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и голем број од нив одлучија веднаш да го купат дресот со број 30 што Лео ќе го носи во Париз.
Претходните денови се појави информација дека францускиот клуб продаде повеќе од 800.000 дресови на аргентинскиот фудбалер, некои дури споменаа и бројка од милион, но се покажа дека овие бројки не се точни.
Фабиен Алегре, маркетинг директор во парискиот клуб, ги отфрли обвинувањата за овие бројки.
„Лудо е воопшто да се зборува за такви бројки. Вистина е дека продажбата оди навистина феноменално, подобро од кога било, но ние сме далеку од продажба на милион дресови“, рече Алегре, додавајќи:
„Договорот со Меси беше завршен многу брзо. Ние исто така реагиравме брзо, но работиме со нашите партнери да имаме доволен број дресови на пазарот. Ние не сме волшебници“, изјави Алегре.