Connect with us

Фудбал

ПСЖ ќе се штити од Барселона со тужба во ФИФА

ПСЖ изрази незадоволство од однесувањето на Барселона, која ова лето беше заинтересирана за играчот на францускиот клуб Адријан Рабио.

Како што објавија шпанските медиуми, ПСЖ веќе испратил официјален допис до шпанскиот клуб во кое се наведува дека се подготвени да се жалат во ФИФА.

Францускиот клуб е незадоволен од фактот дека Барселона започнала да води директни преговори со нивниот играч, иако според правилата на ФИФА тоа е можно само во последните шест месеци од договорот.

Меѓутоа, во шпанскиот клуб биле збунети од дописот, бидејќи во почетокот на јули го известиле раководството на ПСЖ дека се заинтересирани за Рабио. Од друга страна во ПСЖ веруваат дека Рабио одбил да го продолжи договорот со нив по интервенција на Барселона.

Според шпанските медиуми Рабио, следната година по истекот на договорот со ПСЖ, како слободен играч ќе се пресели во Барселона. Во меѓувреме интерес за него пројавија и Јувентус и Милан.