Connect with us

Фудбал

ПСЖ одбиен, 70.000.000 не се доволни, пристигнува нова понуда

Пари Сен Жермен го сака Рандал Коло Муани, но преговорите не одат така лесно.

Радио Монте Карло денеска објави дека ПСЖ испратил официјална понуда од 60 милиони евра + 10 преку бонуси, но дека Ајнтрахт ја одбил.

Германците не се откажуваат од идејата дека Французинот може да оди за 100 милиони евра кои ПСЖ нема намера да ги плати.

Французите се потпираат на притисокот од играчот, кој ги договорил личните услови и сака само да оди во Париз, а може да го принуди Ајнтрахт да ја намали цифрата за обештетување.

Сигурно дека Германците ќе имаат целосна нето добивка, откако минатото лето пристигна без обештетување од Нант.

Сепак, тој одигра феноменална сезона во која постигна 24 гола и додаде 17 асистенции и стана стандарден француски репрезентативец.

Тој е голема желба на Луис Енрике, но и на Килијан Мбапе, кој одамна им порача на раководството дека сака што повеќе соиграчи од репрезентацијата околу себе, поради што дојдоа и Усман Дембеле и Лукас Ернандез.