Фудбал
ПСЖ по Барселона се обиде да ги уништи работите и на Јувентус, но играчот им рече „НЕ“
Францускиот ПСЖ одлучи да се засили ова лето.
По неуспешната сезона во Лига 1 и Лигата на шампионите, Парижаните решија да одат на летен шопинг и веќе завршија две одлични работи.
Нови членови на клубот од Париз се Вијналдум и Донарума, и двајцата пристигнуваат во клубот како слободни агенти.
Посебно внимание привлече потписот на холандскиот играч за врска Вијналдум. Тој имаше договор со Барселона, но ПСG понуди повеќе пари и го „киднапираше“ засилувањето на „Каталонците“.
Парижаните се обидоа да го сторат истото и со Јувентус. Тие имаа намера да ја преземат зделката со фудбалерот на Сасуоло, Мануел Локатели, но не успеаја во тоа.
#Sassuolo ask €40M to sell Manuel #Locatelli: #Juventus are working to lower the price with a counterparts. In the meantime the midfielder agreed personal terms with Bianconeri for a contract until 2026 (€3M net/year). #transfers https://t.co/YLAzn1kuCO
— Nicolò Schira (@NicoSchira) June 8, 2021
Очигледно Парижаните користат низа трикови за да ги уништат плановите на многу ривали низ Европа, но со Локатели тие не успеаја.
Локатели, според италијанските медиуми, веќе се согласил да соработува со „бјанконерите“ и ќе потпише петгодишен договор вреден три милиони евра по сезона.
Останува да се договорат со Сасуоло, кој бара 40 милиони евра, а Јуве работи на намалување на оваа цена.
Локатели е дете на Милан во кое, сепак, не доби вистинска шанса да игра, па реши да замине во Сасуоло, каде игра навистина феноменално.
Во изминатите три сезони, тој одигра 99 натпревари и постигна седум погодоци.