Фудбал
ПСЖ води во трката за Алексис Санчез
Парис Сен Жермен се издвои како фаворит за доведување на Санчез, чиј договор со Арсенал истекува во мај.
Чилеанскиот 28-годишен напаѓач најверојатно нема да ја продолжи соработката со „Топџиите“, па клубот од Лондон ќе биде принуден да го продаде во јануари доколку сака да заработи барем нешто на неговото заминување.
Францускиот клуб сака да го доведе Санчез бидејќи иднината на Бразилецот Нејмар е несигурна.
За потсетување, Нејмар пристигна во ПСЖ во текот на изминатото лето од Барселона во рекорден трансфер од 222 милиони фунти, но, веќе започнаа шпекулации околу негово можно заминување од клубот после само една сезона и враќање во Шпанија, каде би играл за лутиот ривал на Барселона, Реал Мадрид.
Покрај ПСЖ, за услугите на Санчез интерес пројавија и Манчестер Сити и Баерн Минхен.
Ако го напушти Арсенал во јуни, Санчез ќе бара огромен бонус, односно неделна плата од 390.000 евра.