Connect with us

Тајмаут

Пујол поради косата непожелен на иранската телевизија?

Поранешниот шпански капетан, Карлес Пујол, рече дека властите во Иран, поради долгата коса му забраниле да се појавува во програмата на државната телевизија како коментатор на Светското првенство во Русија.

Иранските власти ги негираат тврдењата на Пујол. 

Мортеза Мирбагери за локалните медиуми изјави дека во прашање беа парите, а не должината на косата.

“Нема потреба странец да добие виско милионска сума за неколку минути од спортската програма”, вели Мирбагери. 

Пујол е поканет да се појави во спортската програма во средината на неделата на натпреварот помеѓу Шпанија и Иран, со популарниот водител Адел Фердосипур. 

Поранешниот капетан на “Барселоне” рече дека бил во Техеран, но не можел да влезе во програмата поради долгата коса.