Други спортови
Пукна „бомбата“, Хамилтон и официјално во Ферари
Британецот веќе две години нема болид што би го издигнал во борба за титулата. Оттука, бараше и доби излез од тимот на кој му беше верен во изминатите 11 години Минатото лето Британецот го продолжи договорот со Мерцедес на уште две години, до крајот на 2025 година, но ќе го напушти тимот една година порано и ќе се пресели во Ферари.
Хамилтон на тој начин ќе вози во Ферари со Шарл Леклер, кој минатата недела потпиша повеќегодишен договор и ќе го замени Карлос Саинц, чиј договор со славниот италијански тим истекува на крајот на годината. Хамилтон е најуспешниот возач во историјата на Формула 1 со 103 победи и 104 пол-позиции и заедно со Михаел Шумахер го држи рекордот по бројот на шампионски титули. Врската помеѓу претседателот на Ферари, Џон Елкан и Хамилтон беше Фред Васер, првиот оперативец на „Скудерија“ кој своевремено раководеше со тимот во Формула 2 за кој возеше тогаш големата надеж Луис Хамилтон.
Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team and Lewis Hamilton will part ways at the end of the 2024 season. Lewis has activated a release option in the contract announced last year.
— Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team (@MercedesAMGF1) February 1, 2024