Connect with us

Фудбал

Пулис нов тренер на Мидлзборо

Екипата втората по квалитет англиска фудбалска лига, Мидлзборо, официјално го назначувањето на Тони Пулис за нов менаџер на тимот.

59-годишниот стратег доаѓа на местото на отпуштениот пред два дена Гери Монк, кој беше разрешен поради незадоволителни резултати.

Монк го презеде составот во јуни по испаѓањето од Премиер лигата, но под негово раководство, екипата постигнаа само 10 победи во 23 натпревари во Чемпионшип дивизијата и се наоѓа на 9.место со 12 бода помалку од позицијата за директна промоција во елитата.

Мидлзборо загуби три од последните пет средби, што ја прелеа чашата на трпението на клупската управа.

Пулис последен пат на тренерската функција беше во ВБА, но беше отпуштен на 20 ноември поради слаби резултати.

Тој своето деби во новиот клуб ќе го има попладнево против Болтон во 16 часот.