Connect with us

Фудбал

Работнички потпиша професионални договори со млади фудбалери

Во пресрет на новата сезона, а согласно стратегијата на клубот, ФК Работнички кон сениорскиот погон приклучени голем број млади фудбалери кои потпишаа професионален договор.

На списокот на шефот на стручниот штаб Ѓоре Јовановски се најдоа: Стефан Колевски, Евгениј Костадинов, Методиј Максимов, Димитар Тодоровски, Марин Петровски, Марио Костевски, Љавдрим Фазлиу, Леонид Радев Јанкуловски, Борис Јакимовски, Берат Ферати, Марко Андоновски, Ринор Ајдини, Кристијан Додоевски, Стефан Симоновски. 
Тие потпишаа први професионални договори на четири години со ФК Работнички. Од позајмица во Македонија ЃП се врати и Александер Борха Кордоба.

„Работнички и понатаму ја негува и ја надградува својата добро позната стратегија за промовирање на млади и талентирани фудбалери од сопствената фудбалска Академија. Горди сме дека и оваа сезона младите сили се приклучуваат во сениорскиот погон. Тие потпишаа четиригодишни договори и секако се светлата иднина на клубот“, вели спортскиот директор на Работнички, Иван Поповски.