Connect with us

Фудбал

Работнички се засили од Белорусија

Работнички доведе ново засилување од Белорусија. Александр Позњак потпиша договор со и треба да претставува засилување за одбранбената линија на тимот.

Позњак (26) е искусен дефанзивец кој игра на стоперската позиција, но одлично се снаоѓа и како лев страничен играч. Доаѓа од белорускиот прволигаш Динамо Брест, а во кариерата настапувал и за Шахтјор Солигорск, Немам Гродно, Городеја. Тој е поранешен младински репрезентативец на Белорусија, а има еден настап и за сениорскиот национален тим.