Ракомет
Работник ја потврди одличната форма и повторно го совлада Пелистер
Ракометарите на Еурофарм Работник го совладаа Пелистер третпат по ред и ја потврдија градската доминација. Со одлично второ полувреме екипата на Илија Темелковски го потврди одличниот момент и покажа дека претходните победи во февруари и март не беа случајни.
Пелистер – Еурофарм Работник 27-29 (15-12)
Спортска сала „Младост“ – Битола. Гледачи: 2.000
Судии: Спаско и Глигор Ќаеви
Пелистер:
Рајичиќ, Брајуновиќ, Јовановски, Петров 1, Јагуриновски 7, Маџовски, Рајатовски, Чантурија 1, Димитровски, Чуриќ 2, Орјоканидѕе 6, Митревски 1, Н. Ивановски, Митиќ 3, Тодоровски, Везенкоски 5
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 10 минути
Еурофарм:
Умовиц, Ф. Ивановски, Ојлески 2, Трајковски 2, Петровски, Талевски, Чурлевски, Ивановски, Мојсоски, Мемиќ, Кукоски, Крстевски 2, Дрогришки 6, Граџан 7, Кузманоски 4, Петровски 3, Мсквалидѕе 3
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 12 минути
Со оваа победа Еурофарм Работник се зацврсти на втората позиција и во преостанатите четири натпревари ќе бркаат излез на европска сцена, а можеби и втора позиција.