Connect with us

Ракомет

Радовиш го пречекува Еурофарм Работник

Фото: Gol.mk

Машката ракометна ВИП Супер лига викендов продолжува со натпреварите од третото коло.

Лидерот на табелата Радовиш е домаќин на Работник, а почетокот на натпреварот е закажан за 18 часот.

Од 19 часот во Велес, Борец го пречекува Прилеп додека половина час подоцна стартува мечот во Скопје меѓу Пролет и Пелистер.

Третата рунда од машкиот ракометен шампионат се заокружува со дербито меѓу вторите состави на двата наши најдобри состави Металург и Вардар. Средбата Металург 2 и Вардар Јуниор се игра утре во салата Автокоманда и почнува во 14 часот.