Connect with us

Други спортови

Рафа донираше милион евра за жртвите од поплавите на Мајорка

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал уште еднаш ја покажа својата хумана страна, откако донираше еден милион евра на лицата погодени од поплавите во Мајорка и околината. Елементарната несреќа се случи на 9 октомври и во неа животот го загубија 13 лица, а беше причинета и огромна материјална штета. Надал веднаш по несреќата се најде на улиците помагајќи да се расчисти хаосот, но тенисерот пред крајот на годинава реши и финансиски да помогне за санирање на штетите.

-Ова е помош од специјална личност која секојдневно ја покажува својата љубов кон земјата и сограѓаните. Неговата хуманост е уште поголема од неговите таленти и резултати, за кои сме сведоци на тениските терени – изјави Градоначалникот на Сант Лоренц, Матеу Пуигрос.