Connect with us

Фудбал

Рафаел Маркез по 22 години професионален фудбал ја заврши кариерата

Легендарниот мексикански фудбалер Рафаел Маркез соопшти дека ја завршува кариерата по 22 години играње професионален фудбал.

Марекез се впиша во историјата како еден од тројцата фудбалери кои настапиле на пет светски првенства.

Настапите на Мундијалот во Русија се последните во кариерата на овој 39-годишен фудбалер, кој има одиграно 146 натпревари за репрезентацијата на Мексико.

Меркез кариерата ја заврши во мексиканскиот клуб Атлас, а има настапувано за Монако, Барселона, Верона и Леон.