Connect with us

Други спортови

Рафаел Надал не настапува во Шангај

Рафаел Надал нема да настапи на Мастерс турнирот во Шангај.

Турнирот во кинеската престолнина започнува следната недела, а Надал сè уште не е подготвен за натпреварите.

На шпанскиот тенисер сепак ќе му треба време да се опорави од повредата на раката, па затоа реши да не игра во Шангај.

Надал го пропушти и ланското издание на овој Мастерс, а ќе има за цел да биде подготвен за Мастерсот во Париз, кој се игра од 28 октомври до 3 ноември.

Надал ги имаше последните настапи во Швајцарија, каде го освои Купот на Левер.