Connect with us

Фудбал

Раиола за Халанд: Размислувам две години и – имам идеја

Ерлинг Халанд на лето би можел да ја напушти Борусија Дортмунд.

Со оглед на тоа дека Норвежанецот пружа одлични партии, германскиот тим ќе има исклучително тешкотија да го задржи во своите редови.

За неговата судбина се грижи најпознатиот фудбалски агент Мино Раиола, кој проговори за статусот на 21-годишниот фудбалер.

„Две години размислувавме што да правиме. Имаме јасна идеја каде треба да оди Халанд, но гледаме и што нуди пазарот. Би бил лош агент ако не го правам тоа. Со играч како него, можеме да влијаеме на пазарот“, вели Раиола и продолжува:

„Зборуваме за натпревари два дена во неделата, а за трансфери пет пати неделно. Спортските директори на клубовите можеби ме мразат поради тоа, но јас само си ја работам својата работа“.

Да потсетиме, Норвежанецот пристигна во Дортмунд од Салцбург во јануари минатата година, а сепак настапуваше и за Молде и Брин.

Оваа сезона постигна 17 гола на 13 натпревари и забележа четири асистенции. Тој постигна два гола во победата на Борусија против Бешикташ во вторникот и е на бројката од неверојатни 23 гола на 19 натпревари во Лигата на шампионите.

Реал Мадрид, Барселона, Челзи, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед покажаа интерес за најдобриот напаѓач на денешницата …