Connect with us

Фудбал

Мино Раиола со тужба за Милан

Според италијанските медиуми, Мино Раиола, агентот на голманот Џанлуиџи Донарума, ќе побара раскинување на договорот со Милан, кој, по бројни контроверзии, беше потпишан во јули.

Пред почетокот на летниот преоден период, младиот голман изјави дека не сака да го продолжи договорот со Милан, и дека ќе остане во клубот до јули 2018 година. Сепак, по бројни притисоци, тој се обврзал на соработка до 2021 година.

Според италијанските медиуми, младиот Донарума наскоро би можел да стане слободен играч, бидејќи неговиот агент има намера да го тужи клубот. Како причина за раскинување на договорот, Рајола вели дека не бил присутен кога бил потпишан договор, кој вклучува и клаузули за откуп од 40 милиони евра, ако Милан не влезе во Лигата на шампионите или 70, ако избори пласман во елитата.

Како можен аргумент за Раиола е тоа дека играчот под притисок се согласил да го продолжи договорот.

Донарума, според продолжениот договор, заработува 6 милиони евра за сезона.