Connect with us

Фудбал

Раjoла распали по Сколс поради Погба: Ти треба да си спортски директор на Јунајетд

Францускиот фудбалер Пол Погба останува во центарот на вниманието на фудбалската јавност поради шпекулациите дека ќе го напушти Манчестер Јунајтед до крајот на летниот трансфер период.

Веќе неколку недели, се шират шпекулации дека Погба ќе го напушти Манчестер Јунајтед ова лето, а Барселона покажа најголем интерес за овој играч од средниот ред. Затоа, во јавноста со свој коментар излезе поранешниот играч на Црвените Ѓаволи, Пол Скоус кој му порача на Французинот дека треба да го напушти клубот.

Сколс рече дека Погба може слободно да оди и да верува дека воопшто нема да го почувствува неговото отсуство. Впрочем, агентот на францускиот играч, Мино Рајола, одлучи да му одговори на Сколс и му даде неколку “совети”.

„Пол Сколс треба да биде нов спортски директор на Јунајтед и да го советува Вудвард да го продаде Погба. Тоа ќе бидат непроспиени ноќи додека тие му најдат нов клуб на Погба“ порача Рајола.

„Постојат луѓе кои зборуваат од страв за да не бидат заборавени. Таков е Пол Сколс, ликот не би препознал лидер ни во случај пред него да застане Сер Винстон Черчил“.