Фудбал
Ракитиќ ја соблече маицата и направи шоу, сето ова поради триумфот на Хајдук над Динамо (ВИДЕО)
Во 15. коло од ХНЛ, Хајдук го победи Динамо на Пољуд со 1:0 и избега на седум бода предност на врвот на табелата.
По натпреварот имаше големо славје на фудбалерите на Хајдук, а еден од главните беше поранешниот хрватски репрезентативец Иван Ракитиќ кој целосно се опушти. На социјалните мрежи кружи видео на кое Ракитиќ ја води прославата со соиграчите и пее „Ќути, само ќути мое сино момче“.