Фудбал
Ракометен „тач-даун“: Од Франција пристигнува цепелин од гол на гол (ВИДЕО)
Еден од најубавите ракометни голови оваа година беше постигнат во вториот ранг на францускиот ракомет.
На мечот меѓу Стразбур и Бесансон беше забележана вистинска мајсторија во настапот на гостинските ракометари.
Голманот на гостите во стилот на најдобриот бек во историјата Том Брејди направи проигрување од гол на гол и така испрати совршена топка.
Неговиот соиграч ја прими топката во лет и ја затресе мрежата за перфектно изведен цепелин. Сè изгледаше навистина импресивно и траеше три секунди.
? Tuto : Comment enflammer une salle ? by @gbdh_handball ? pic.twitter.com/klT7cqjEBO
— Ligue Nationale de Handball (@LNHofficiel) November 5, 2021
Инаку, Бесансон го доби овој натпревар со резултат 30:33.