Connect with us

Ракомет

Ракометна грозница ја тресе Германија, продедени повеќе од 500.000 билети

Организаторите на Светското првенство во ракомет во Германија и Данска излегоа со интересни податоци  околу продажбата на биелтите за овој настан кој ќе трае до 27 јануари. Имено во Германија веќе е почната ракометната треска, а градовите во кои ќе се игра првенството се Берлин, Минхен, Хамбург и Келн, додека во Данска домаќини ќе бидат Копенхаген и Хернинх.

Според пишувањето на германскит медиуми кои се повикуваат на информации добиени од организаторите досега се продадени половина милион билети. Пресметано е дека за време на првенствто само од продажба на билети би требало да бидат собрани приходи од 15 милиони евра.

Само за првиот натпревар меѓу Германија и Кореја, кој се одигра синоќа во Мерцедес Бенц арената се продадени 14.800 билети.

Бидејќи организаторите на ова првенство, односно Германија и Данска вложија многу пари да го изрекламираат настанот се верува дека ќе биде урнат рекордот во посетеност на светските првенства. Според прогнозите во наредните две и пол недели во Данска и Германија се очекува да продефилираат околу 800 илјади гледачи. Актуелниот рекорд го дрќи Германија која исто така беше домаќин на Светското првенство во 2007 година, а истото беше  посетено од вкупно 750.000 посетители.

Што се однесува до македонските ракометари, тие денеска од 15.30 часот ќе го одиграат првиот натпревар во Б – групата против селекцијата на Јапонија.

Голманот Никола Митревски, кој е еден од најискусните во нашиот табор, е свесен дека никако не смее да дојде до потценување на било кој противник на Мундијалот. Одноно дека најважни се првите две средби против Јапонија и Бахреин, мечеви во кои  „црвено-жолтите“ важат за фаворити.

  • Едно треба да ни биде јасно, мораме да одиме чекор по чекор и да не размислуваме премногу однапред за предизвиците што ќе следат подоцна. Нема да потцениме никого, одиме внимателно и со Јапонија, знаеме дека тоа е опасна репрезентација што игра брз ракомет и дека ќе мора многу да внимаваме за да не бидеме непријатно изненадени. Многу пати се покажало кога сме прескокнувале противници, тој противник што сме го прескокнале да биде „нагазна мина. Мислам дека добро ги одработевме подготовките, одигравме два добри натпревари со Србија и подготвени сме за она што не очекува во Минхен, вели Митревски.

За Македонија ова е шесто Светско првенство, четврто во низа, а најголемиот успех го оствари на Мундијалот во Катар во 2015 година, деветто место.