Фудбал
Раководството на Барселона му даде целосна поддршка на Роналд Куман!
И покрај слабите резултати, холандскиот стручњак Роналд Куман ја доби поддршката од раководството на Барселона.
Барселона вчера одигра 2:2 со Валенсија и се уште е предалеку од врвот на табелата, па многу медиуми се убедени дека Куман ќе добие отказ за кратко време.
Сепак, челниците на клубот не сакаат да го исфрлат Куман и му даваат поддршка со цел да го продолжат проектот што го започна.
„Дали Куман е во опасност поради неколку резултати во Ла Лига? Јас не обвинувам никого. Тој добро си ја извршува својата работа и ја има мојата целосна поддршка. Неколку пати ручавме заедно и гледам дека тој е доста оптимист”, изјави еден од членовите на УО на Барселона. Карлос Тускетс, моментално вршител на должноста претседател на Барселона.
Патем, клупските избори се на 24 јануари, а дотогаш веројатно нема да има промени, а останатото ќе зависи од тоа кој ќе седне на чело на каталонскиот гигант.
Барселона сега е петта на табелата во Ла Лига со 21 бод, но играта е навистина лоша и ова особено ги загрижува сите симпатизери на клубот.