Фудбал
Рамос кон Пике: Не ти требаше таков пост
Фудбалерот на Реал Мадрид, Серхио Рамос му замери на неговиот соиграч од репрезентацијата и член на Барселона, Жерард Пике кој даде јавна поддршка за референдум за независност на Каталонија.
Пике на Твитер напиша:
– Ќе гласаме.
По ова стигна реакцијата на Рамос.
– Таков пост не е во ред доколку не сака да му свират навивачите на шпанската репрезентација, реагираше Рамос.
Неодамна Пике имаше изјавено дека му е чест да игра за националниот тим на Шпанија.