Connect with us

Фудбал

Рамос конечно се огласи околу обвинувањата за финалето на Лигата на шампионите

Иако од финалето на Лигата на шампионите, во кое Реал Мадрид го совлада Ливерпул и ја освои својата 13-та титула за најдобар тим во Европа, поминаа десетина дена, тензиите меѓу актерите не стивнуваат.

Еден од оние кои кренаа најмногу фама после завршниот меч од најелитното натпреварување на светот сигурно е Серхио Рамос.

Капитенот на Реал Мадрид според најголемиот дел од фудбалските фанови е заслужен за повредата на Мохамед салах, кој после дуелот со шпанскиот дефанзивец мораше да ја напушти играта, оставајќи го својот тим во голем проблем до крајот на мечот.

Исто така, се појавија индиции дека главниот трагичар на англискиот тим, голманот Кариус, исто така бил „жртва“ на Рамос претрпувајќи потрес на мозок откако стоперот на кралскиот клуб го удри со лакт во глава.

Тие најнови обвинувања сепак беа премногу за смирениот 32 годишен фудбалер, кој во разговор за „Cuarto“, саркастично им одговори на своите неистомисленици.

-Човеку, на оваа работа со Салах и придадоа многу внимание. Досега не сакав не сакав да зборувам дека се пренапумпано. Ја видов добро таа акција, тој мене прв ме фати за раката и јас паднав на страна, повредата се случи на другата рака, а тие велат дека сум направил џудо задат. После тоа се огласи и голманот велејќи дека сум го онеспособил со удар, објаснува Рамос и иронично додавајќи:

-Останува само Фирмино кој ќе изјави дека настинал поради тоа што му паднала капка од мојата пот!

На крајот четирикратниот освојувач на пехарот од Лигата на шампионите констатира дека египетскиот интернационалец можел да го продолжи мечот.

-Контактирав со Салах преку пораки, беше поприлично добро. Можеше да продолжи да игра доколку добиеше инјекција за второто полувреме, јас тоа го имам направено неколку пати. Но кога Рамос ќе направи такво нешто, тогаш тоа посебно се истакнува.. Не знам дали тоа е поради тоа што сум толку долго така успешен во Мадрид, завршува капитенот на Реал Мадрид.