Фудбал
Рамос конечно започна да тренира
Фудбалерот на ПСЖ, Серхио Рамос во вторникот конечно тренираше со другите играчи од тој тим, пишува „Парисиен“. Искусниот Шпанец нема одиграно натпревар за „светците“ откако пристигна од Реал. Рамос минатата сезона додека беше член на Реал имаше големи проблеми со физичката подготвеност. Одигра само 21 натпревар во целата сезона поради проблеми со мускулите. Кога се пресели во ПСЖ беше претставен како огромно засилување, но изгледа дека не е така. 35-годишниот Шпанец се уште не е во добра физичка кондиција и само што почна да тренира со тимот.
„Парисиен“ пишува дека тренирал со соиграчите како Андер Ерера, Хуан Бернат и Мауро Икарди, а против помладите играчи на ПСЖ играле пет на пет.
Братот на Серхио, Рене неодамна изјави дека искусниот дефанзивец ќе се врати кога ќе биде здрав.
„Тој нема да го повлече или раскине договорот со Пари Сен Жермен. Нема сомнеж за него“, изјави Рене Рамос.
Неодамна се шпекулираше дека Рамос ќе го напушти „Паркот на принцовите“ и дека се многу незадоволни од неговата физичка состојба во Пари Сен Жермен.