Поврзи се со нас

Фудбал

„Ранети“ и преморени, но со срце за националниот дрес, за прво место во групата

Македонската фудбалска репрезентација вечерва игра против Грузија во рамките од новата сезона во Лигата на нации, Група Ц. Со истиот противник следниот месец на 12-ти играме во финалето од плејофот од минатата сезона, а евентуална победа ќе донесе пласман на ЕП прв пат во историјата.

Ова е на некој начин генерална проба. Но, селекторот Ангеловски има големи проблеми бидејќи нема да може да смета на неколку репрезентативци. Повреди имаат Бејтулаи, Тошевски, Аријан Адем, Спировски, а поради картони ќе ги нема Муслиу и Барди, Ферхан Хасану беше ослободен од обврските поради мерките во Финска поради коронавирус. Познато е дека Елиф Елмас е во изолација бидејќи имаше позитивен тест.

Повикани се дополнително се Енур Тотре и Љупче Дориев од Шкендија, Дарко Мицевски од Вардар и Томе Китановски од Македонија ЃП.

Сепак, селекторот вели дека без разлика на сите отсуства, оние кои ќе истрчаат на теренот должни се да го дадат максимумот.

-Имаме натпревар со противник со кој ќе се сретнеме во финалето и без разлика на сите отсуства, сите кои ќе истрчаат на теренот, должни се да го дадат максимумот. Прв пат играме во седум дена три натпревари, првиот натпревар беше многу важен од секаков аспект. Селекторот на Грузија исто има проблеми со повреди и отсуства, но на нас селекторите е да го искористиме тоа што го имаме, изјави Ангеловски на вчерашната прес конференција.

 

 

 

Advertisement

Facebook

Реклама