Connect with us

Фудбал

Рангник: Не зборувам за поединци, мораме да бидеме подобри како тим

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник не сакаше да ги оценува индивидуалните игри на играчите, но истакна дека сите во тимот мора да напредуваат.

Јунајтед ремизираше 1-1 со Њукасл во понеделникот на Сент Џејмс Парк. Мета на критики по натпреварот беа Рафаел Варан и Хари Мекгваер.

„Рафаел не играше во последните пет-шест недели. Да, погреши пред голот што го примивме. Но, освен тоа, тој беше добар. Не би рекол дека е извонреден, ниту за Хари. Но, тие беа добри“, изјави Рангник.

„Нашиот проблем е што дозволивме премногу транзиции, а тоа е проблем на целиот тим. Мислам дека нема смисла да се зборува за индивидуалниот настап на играчите, мора да бидеме подобри како тим.

Следниот натпревар „црвените ѓаволи“ го играат во четврток кога го пречекуваат Барнли.

Јунајтед моментално е седми на табелата со 28 бодови, седум помалку од четвртопласираниот Арсенал, кој има два натпревари повеќе.

Реклама

Facebook

Реклама