Фудбал
Рашфорд и Ериксен во пакет
Актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да ангажира најмалку две квалитетни засилувања.
Предводникот на “кралскиот клуб”, Сантијаго Солари, веќе побарал нов напаѓач и нов офанзивен играч за врска. Изборот за напаѓач паднал на големиот талент од редовите на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, а данскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Кристијан Ериксен, е дефиниран како идеално засилување за средниот ред.
Буџетот за ангажирање на овие двајца фудбалери изнесувал околу 90 милиони фунти.