Фудбал
Рашфорд расплака многумина со пораката за неговата мајка
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд беше на листата на Англија на Герет Сутгејт за Светското првенство во Русија.
Овој 20-годишен фудбалер блесна пред две години во дресот на Црвените Ѓаволи. Тоа на крајот му донесе и настап на европското првенство во Франција, а и ова лето ќе го гледаме во дресот Англија.
За неговиот успех во професионалниот свет, Рашфорд е многу благодарен на неговата мајка, Мелани (52), која е негова најголема поддршка.
Многу Англичани расплака со пораката што ја испрати на неговата мајка, по добивањето на повик до националниот тим.
„После сите години кои ги помина крај линијата на студ и дожд, мамо сега одам на Светското првенство“, напиша Рашфорд.
Во светот на фудбалот, навистина е реткост да се видат вистинските вредности на еден фудбалер, а очигледно младиот напаѓач на Јунајтед и тоа како ги има и парите и славата не го расипаа.
After years of you standing on the touch line in the cold and rain, Mum we're off to the World Cup! ??? pic.twitter.com/JOCj5oBCtN
— Marcus Rashford (@MarcusRashford) May 16, 2018