Connect with us

Ракомет

Раул го објави поширокиот список за баражот со Романија

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалес, денеска го објави поширокиот список од 28 ракометари на кои ќе смета за двата бараж натпревара за пласман на Светското Првенство 2019 против селекцијата на Романија.

На списокот на шпанскиот стручњак се наоѓаат:

Голмани: Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски, Јане Цветковски.

Бекови: Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Филип Талески, Филип Кузмановски, Мартин Велковски, Горан Крстевски, Мартин Серафимов, Велко Маркоски, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Ласко Андоновски, Томислав Јагуриновски.

Крила: Дејан Манасков, Мартин Поповски, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески, Димитар Димитриоски.

Пивотмени: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски, Костадин Петров.

Натпреварите ќе се играат на 10 и на 13 јуни. На првиот, Македонија ќе биде домаќин во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, додека реваншот ќе се одигра во Клуж.