Connect with us

Фудбал

Раул Гонзалес повторно во Бундеслигата и во Лигата на шампионите?!

Легендарниот Шпанец Раул Гонзалес е главен кандидат за клупата на Унион Берлин.

По 11 одиграни кола во Бундеслигата, овој тим е на последното место на табелата со само шест освоени бодови, а е и последен во групата од Лигата на шампионите, со еден освоен бод во последното коло против Наполи.

Поради очајните резултати на стартот од сезоната, тренерот Урс Фишер доби отказ по цели пет години.

Главен кандидат за негов наследник е Раул Гонзалес.

Моментално го води Реал Мадрид Кастиља, односно вториот тим на „кралскиот“ клуб.

Шпанецот е големо име и во Бундеслигата, ако се сеќавате, по Реал Мадрид замина во Шалке, чиј дрес го носеше две сезони, од 2010 до 2012 година.

Раул ја започна својата тренерска кариера во помладите категории на својот Реал Мадрид во 2018 година, практично пет сезони е во својот матичен клуб и можеби е вистинско време за следниот предизвик и поголем исчекор во кариерата.