Connect with us

Ракомет

Раул Гонзалез го скрати списокот, отпаднаа Ојлески и Никола Маркоски

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез го скрати списокот на ракометари за подготвителниот период за претстојното СП 2019 во Германија и Данска.

На списокот не се најде Филип Миркуловски кој најави дека нема да може да и помогне на репрезентацијата, како и искусниот Немања Прибак. Од досега стандардните репрезентативци, отпаднаа и левото крило Гоце Ојлески и пикерот Никола Марковски.

На подготовките со првиот тим се повикани и неколку ракометари од помладата генерација кои конкурираат за место меѓу 16 играчи што ќе ги бранат боите на Македонија на претстојното СП. Од помладата генерација, покрај стандардните Филип Талески и Филип Кузмановски, во сениорскиот тим влегуваат и Мартин Серафимов, Марио Танкоски, Димитар Димитриоски, Томислав Јагуриновски, Милан Лазаревски, Филип Чурлевски… што e најава дека Македонија на СП ќе настапи со значително подмладен состав.

Собирот на ракометари е закажан на 24. декември (понеделник) со почеток во 16:30 часот во хотел „Александар Палас“ во Скопје.