Connect with us

Ракомет

Раул: Важно е кој ќе победи

Воопшто не е важно кој е фаворит, важно е кој ќе одигра подобро. Романците знаат да играат ракомет, високи се, големи и имаат сила. Ние повеќе или помалку ја анализиравме нивната игра, но и тие сигурно ја имаат анализирано нашата. Имаме една недела да работиме на уигрување, техника и тактика и верувам дека ќе се подготвиме и дека ќе прикажеме добра игра. Незгоден момент е тоа што реваншот се игра кај нив, но, сепак, сметам дека доколку имаме добра и мотивирана игра, не е важно на чиј терен играме – изјави Гонзалес.