Фудбал
РБ Лајпциг бара тренер: Крај на соработка со Хасенхутл
Како што се шпекулира, на клупата на РБ Лајпциг во следната сезона дефинитивно нема да биде 50-годишниот Ралф Хасенхулт со кој не е постигнат договор за понатамошна соработка.
Хасенхутл сакаше договор на подолг период, но не и РБ Лајпциг, што доведе до несогласувања меѓу двете страни.
“Ралф не сакаше да остане без продолжување на договорот. Затоа, се согласивме да ја завршиме соработката по две успешни години “, се вели во соопштението од клубот.
Австриецот во својата прва сезона во РБ Лајпциг го предводеше клубот до второто место на табелата, но во оваа пласманот беше полошо – шеста позиција, која носи квалификации за Лига Европа.
Во тренерската кариера тој претходно го водеа Инголштад, Ален и Унтерхачинг.