Фудбал
Реал го продава Крос во јануари
Германскиот репрезентативец Тони Крос во јануари би можел да го напушти Реал Мадрид.
Тони Крос пристигна во Реал пред повеќе од седум години, но се чини дека нивната многу успешна приказна дојде до крајот.
Имено, според странските медиуми, челниците на Реал се подготвени да го продадат германскиот фудбалер во јануари, а за неговите услуги има многу заинтересирани клубови.
Наводно, ПСЖ е еден од нив и е подготвен да ги исполни финансиските желби на Реал во висина од 30 милиони евра за да го доведе германскиот репрезентативец.
Покрај ПСЖ, за Крос е заинтересиран и Манчестер Сити, чиј тренер Пеп Гвардиола многу го цени германскиот фудбалер, но наводно неговата желба е француски клуб.
Крос освои се што може да се освои со Реал, вклучувајќи четири титули во Лигата на шампионите и две во шпанското првенство.
За Реал одигра вкупно 327 натпревари, постигна 22 гола и запиша 80 асистенции.
Тој оваа сезона одигра седум натпревари во сите натпреварувања.