Фудбал
Реал ја активира клаузула за Хименез
Реал Мадрид сака да го донесе одбранбениот играч на градскиот ривали Атлетико Мадрид, Хозе Марија Хименез, објавија шпанските медиуми.
Реал, наводно, е подготвен да ја активира клаузулата за откуп во договорот, кој изнесува 60 милиони евра.
Челниците на „Кралскиот Клуб“ се убедени дека не можат да донесат подобар играч на позицијата стопер за тие пари, наведува Марка.
Хименез оваа сезона, беше главно во вториот план на тренерот Диего Симеоне, кој најмногу ги играше Диего Годин и Стефан Савиќ.
Уругвајскиот фудбалер беше само 17 пати во стартниот состав на Атлетико, во Примера.
Хименез дојде во Атлетико во 2013 година, а може да тргне по постапките на Тео Ернандес, кој минатото лето се премести во редовите на Реал Мадрид.
Хозе Марија ќе биде дел од Уругвајската репрезентација на претстојниот Светски шампионат во Русија.