Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид добива нова „десетка“, ќе потпише до 2027-ма година!

Најтрофејниот европски клуб во светот Реал Мадрид пронајде офанзивен играч за врска за следната сезона. 23-годишниот Шпанец Брахим Дијаз ќе се врати во Мадрид по двегодишна позајмица во Милан и ќе потпише нов договор до 2027 година, пренесува познатиот спортски новинар Фабрицио Романо.

Според актуелниот договор, плејмејкерот требаше да остане во Реал до 2025 година. На Дијаз ќе му биде доделена важна улога во „кралскиот“ клуб откако покажа квалитет во дресот на Росонерите, со кои минатата сезона ја освои италијанската Серија А, а оваа се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите. Во претходната сезона Дијаз беше незаменлив во тимот на тренерот Стефано Пиоли. Одигра дури 45 натпревари и имаше седум гола и исто толку асистенции.