Фудбал
Реал Мадрид го потврди трансферот: Стигна првото зимско засилување
После шокантниот пораз од Сосиедад, Реал Мадрид преку својата веб страница соопшти дека е постигнат договор за првото засилување во јануарскиот преоден рок.
Како што се најавуваше, нов член на Реал Мадрид ќе стане Брахим Диаз, кој на „Сантијаго Бернабеу“ доаѓа од Манчестер Сити.
Брахим Диаз со Реал Мадрид ќе потпише договор во времетраење од шест и пол години, кој ќе истече на 30. јуни 2025 година. Финансиските детали не се официјално објавени , но се шпекулира дека „Кралевите“ за неговите услуги ќе платат околу 15 милиони фунти на Сити.
Диаз со Манчестер Сити има договор до крајот на сезоната кој не сака да го продолжува, па со тоа Реал Мадрид доби талентиран фудбалер далеку под реална цена.
Зсениорскиот тим на Манчестер Сити Диаз одиграл четири натпревари во оваа сезона, а постигна два гола и тоа во ЕФЛ Купот. Во своите рани години беше дел од младинската школа на Малага, а на неговите 14 години премина во младинската школа на Манчестер Сити за 350.000 евра.
Реал Мадрид додаде дека лекарскиот преглед на Диаз е закажан за денеска, а официјалното претставување за медиумите е закажано во 13:30 часот.